Фронтменот на „Продиџи“ се обесил, заклучија форензичарите

486
ФОТО: EPA / HUGO MARIE

Фронтменот на „Продиџи“, Кит Флинт извршил самоубиство со бесење, соопшти денеска лондонската полиција, повикувајќи се на резултатите од обдукцијата.

Во соопштението се посочува дека форензичарите при обдукцијата утврдиле дека причина за смртта на 49-годишниот пејач е бесење.

Полицијата посочува дека се уште се очекуваат резултаите од токсиколошката анализа на Флинт.

Флинт беше пронајден мртов на 4 март во неговата куќа во англиската област Есекс.

ФОТО: EPA / HUGO MARIE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...