Конзервативниот француски министер за финансии, Бруно Ле Мер, денеска изјави рече дека капитализмот може да се распадне ако нееднаквоста во светот продолжи да расте.
Говорејќи на почетокот на француското претседателство со Г7, Бруно Ле Мер рече дека седумте земји треба да размислат за воспоставување заеднички данок на корпорации и борба против моќта на мултинационалните компании.
– Капитализмот мора повторно да се измисли или нема да преживее раст на нееднаквостите во целиот свет – предупреди францускиот министер.
Тој истакна оти „не можеме вечно поголемиот раст да го платиме со зголемување на нееднаквоста. Дојдовме до крајот на оваа логика“.
Ле Мер верува дека владите треба да обрнат внимание на „сигналот за предупредување испратен од оние кои велат дека немаат корист од глобализацијата“.