Француски милијардер ќе даде 100 милиони евра за обнова на Нотр Дам

713
ФОТО: МИА

Францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино соопшти дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата.

– Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам – напиша Пино во соопштението до медиумите.

Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на познати брендови Гучи и Сен Лорен и претседател на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа Кристис. Неговата сопруга е познатата актерка Салма Хајек.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...