Француски магазин го предлага Охрид како дестинација за одмор во 2020 година

АД објаснува дека Северна Македонија е мала држава во Југо-источна Европа на Балканскиот Полуостров, која доби ново име по децениите на политичка дебата со соседна Грција.

117

Францускиот магазин АД, посветен на декорацијата, уметноста, архитектурата и начинот на живеење, на своите читатели им препорачува пет дестинации за одмор во 2020 година, меѓу нив и Охрид во Северна Македонија, јавува дописникот на МИА.

Охрид е втората дестинација на магазинот АД, покрај карипскиот остров Аруба, планината Барилоче во Патагонија, Ванкувер во Канада и Котор во Црна Гора.

АД објаснува дека Северна Македонија е мала држава во Југо-источна Европа на Балканскиот Полуостров, која доби ново име по децениите на политичка дебата со соседна Грција.

Причините поради кои АД советува да се замине на одмор за Северна Македонија се бидејќи таа е позната по својата гастрономија, по вековните традиции и својата природа. Охрид е ставен под заштита на УНЕСКО и тоа е само уште една причина повеќе за да се посети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...