Француската трубачка Лусјен Ренодин-Вари солист со Македонската филхармонија

230

„Слободен и среќен“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи во четврток во 20 часот, прв концерт во новата 2019 година. Како солист, за првпат на македонската музичка сцена, ќе се претстави победничката во категоријата „Откритие“ на натпреварот „Победници на музичката класика“, француската трубачка Лусјен Ренодин-Вари, која се смета за една од т.н. надоаѓачки музички ѕвезди чиј уметнички пат веќе е послан со рози.

Лусјен Ренодин-Вари ќе го изведе атрактивниот Концерт за труба и оркестар во As-dur од ерменскиот композитор Александар Арутунијан. Диригент е маестро Петер Феранец од Словачка, а на програмата се и Увертирата за оркестар во C-dur („Трубачка“), оп. 101 од Феликс Менделсон, како и лирската Симфонија бр. 3 од Јоханес Брамс.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...