Француската опозиција бара референдум за приватизацијата на париските аеродроми

35

Повеќе десетици пратеници од сите опозициски политички партии застапени во француското Национално собрание, потпишаа иницијатива што го отвора патот за организирање референдум во врска со приватизацијата на париските аеродроми.

Како што јави дописникот на МИА, предлогот сега мора да биде потврден од Уставниот совет на Франција.

Според парламентарни извори, пратениците од опозицијата велат дека тие ги имаат потребните минимални 185 потписи, односно една петтина од вкупниот пратеници, за да го почнат процесот за заедничка иницијатива за организирање референдум за одредбата за приватизација од законот за претпријатијата, што се разгледува во Националното собрание.

Предлогот го иницираа социјалистите, но беше поддржан од страна и на другите опозициски пратенички групи.

– Ова е заеднички пристап, нема политичка група која го презема водството во однос на другите. Тоа е направено во многу отворен дух. Ние ги имаме нашите политички разлики, но ова е многу важно национално прашање, изјави пратеничката од Социјалистичката партија, Валери Раба.

Покрај стотици пратеници и сенатори социјалисти и комунистите, предлогот го поддржаа од педесетина парламентарци од редовите на партијата Републиканците, како и сенатори од Центристичката унија и пратеници од Непокорна Франција.

Уставниот совет сега мора да одлучи за валидноста на предлогот. Според член 11 од Уставот на Франција, предлог за одржување референдум мора да биде поддржан од страна на 10 отсто од избирачкото тело или од 4,5 милиони француски избирачи.

Според лидерот на социјалистите во Сенатот, Патрик Канер, оваа нова иницијатива има за цел да се спротивстави на желбата на Владата „да ја продаде гуска што несе златни јајца“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...