Французин го крстил синот Гризман Мбапе, па завршил на суд

147

Фудбалски фанатик одлучил на својот син да му даде име по Антонио Гризман и Килијан Мбапе.

Момчето кое е родено во Јужна Франција го добило името Гризман Мбапе, но родителите веројатно ќе мора на детето да му изберат ново име.

Француското обвинителство се вмешало во овој случај и побарало од локалните власти да не го прифаќаат ова име, на што имаат право доколку сметаат дека детето во животот може да има некакви проблеми поради името.

Случајот ќе заврши на суд, а обвинителството ќе бара името да се избрише од регистарот и родителите да одберат ново име за момчето.

Пред неколку години судот во Франција им забрани на родители својата ќерка да ја крстат Нутела, притоа самиот суд одлучувајќи името на девојчето да биде Ела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...