Франција потврди пет нови заразени од коронавирус, едно е дете

97

Франција денеска потврди уште пет случаи на инфекција со новиот вирус кој се шири од Кина, меѓу кои и едно дете.

Министерката за здравство Агнес Бужин денеска соопшти дека вкупниот број потврдени случаи на заразени со коронавирус во Франција е зголемен на 11.

Новите случаи се откриени во алпско туристичко одморалиште, во близина на Мон Блан.

Бужин рече дека се чини дека заразените се поврзани со британско лице кое престојувало таму на крајот од јануари, за која подоцна беше потврдено дека се заразила со коронавирусот.

Француските власти соработуваат со меѓународни партнери за да влезат во трага на сите кои биле во близок контакт со британското лице и новозаразените лица во Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...