Франција нема да ги прифати европските џихадисти

118

Франција засега нема да го исполни барањето на американскиот претседател Доналд Трамп, европските сојузници да ги прифатат исламистичките борци од Сирија, туку поединечно ќе ги разгледува случаите, изјави денеска француската министерка за правда Николо Белубе.

Трамп побара од Франција, од Велика Британија и од Германија да преземат повеќе од 800 свои државјани, кои се заробени во Сирија како борци на Исламска држава.

Американскиот претседател најави повлекување на американските сили од Сирија по поразот на ИД, а тоа предизвика загриженост во Париз и другите европски градови дека џихадистите би се обиделе да се вратат во своите земји во Европа.

– Со американското повлекување се создава нов геополитички контекст. За сега не ја менуваме нашата политика. Во овој момент Франција нема да го исполни барањето, посочи Белубе.

Официјален Париз категорично одбива враќање на џихадистите и нивните сопруги во Франција. За шефот на француската дипломатија тие се „непријатели“ на нацијата кои треба да бидат изведени пред суд во Сирија или во Ирак.

Курдските сили во Сирија во заробеништво држат околу 150 француски државјани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...