Франција го замолува Лондон да најде решение за Брегзит пред 31 октомври

62

Франција не сака „одново одлагање” на Брегзит и го замолува Лондон „да најде решение пред 31 октомври”, изјави денеска советник на францускиот претседател Емануел Макрон.

– Британците ќе учествуваат на европските избори, тоа е дискутабилно, но тешко е да се поверува дека процесот (за Брегзит) ќе заврши пред 23 мај – нагласи претставникот на Елисејската палата.

Според него, како што јави дописникот на МИА, изборите за членови на Европскиот парламент би можеле да бидат политички шок, што „ќе доведе до транспарентен договор пред 30 јуни“.

– Но, ако ситуацијата не биде разјаснета на 31 октомври, кога се формира Европската комисија, нема да организираме серија самити за Брегзит – додаде тој.

Велика Британија првично требаше да ја напушти Европската унија на 29 март, но мораше во два наврати да го одлага датумот на истапување од блокот, затоа што британската премиерка Тереза Меј не успеа да обезбеди поддршка од пратениците во Долниот дом на Парламентот во Вестминстер за Договор за Брегзит, што лани во ноември го постигнаа Лондон и Брисел.

Новиот краен рок за Брегзит е утврден за 31 октомври, во услови кога конзервативната Влада на Меј неколку недели се обидува да постигне консензус со опозицијата за Договорот.

Лидерите на 27-те држави што ќе останат во Европската унија по заминувањето на Обединетото Кралство, вчера во романскиот град Сибиу  потпишаа Декларација за иднината на Европа, со која се обврзаа дека ќе останат „обединети, против сите судири и за да ги заштитат граѓаните”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...