Фотограф остана без рака на протестите на „Жолтите елеци“ (ВИДЕО)

941
ФОТО: Принтскрин

Фотограф остана без десната рака на протестите на „Жолтите елеци“. Пожарникарите итно го префрлија во болница.

Наводно, граната ГЛИ-Ф4 е виновна за повредата. Според зборови на очевидец, откако полицијата ја фрлила гранатата со која се обидела да го спречи пробивањето на демонстрантите кон Народното собрание, повредениот реагирал со раката, за да не му експлодира на нога.

– Врескаше од болка, повеќе немаше прсти и поголем дел од рачниот зглоб – додаде очевидецот.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...