Формирана шпанската влада, Македонија на чекор до НАТО

689

Парламентот на Шпанија денеска му даде поддршка на лидерот на социјалистите Педро Санчез за формирање на коалициска влада, со што се става крај на речиси едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.

Формирањето на шпанската Влада ќе го отвори патот за ратификација на протоколот за членство во НАТО со што нашата држава ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Заменикот министер за надворешни работи Андреј Жерновски, на својот фејсбук профил, го поздрави изборот на шпанската Влада.

– Добра вест од Мадрид! Штотуку е изгласана новата Влада во Шпанија. Честитики до премиерот Санчез, објави на фејсбук Жерновски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...