Евреите, припадници на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) вчера во Висбаден формираа еврејска секција, што наиде на осуда од страна на еврејската заедница.
На новата секција „Евреи во АфД“ им се придружиле 19 лица.
Против „Евреи во АфД“ во Франкфурт протестираа околу 250 луѓе, а во заедничкото соопштение на 17 организации на еврејската заедница се наведува дека „АфД е партија во која антисемитизмот… и негирањето на Холокаустот има заолниште“.
И покрај континуираното негирање на злосторствата од Холокаустот, АфД привлече некои припадници на еврејската заедница со реториката против муслиманските имигранти.
ФОТО: EPA-EFEDANIEL KOPATSCH