Форд најави отпуштања и затворања на фабрики

121

Форд се подготвува за нови рационализации, отпуштања и затворања на фабрики на европскиот континент за да стане порентабилен, најави денеска автомобилската компанија.

Една од причините е британскиот пазар, каде Форд продава сѐ помалку возила, а перспективата на Брегзит не влева оптимизам дека ќе се подобри состојбата. Велика Британија е најважниот пазар во Европа за Форд.

Форд вработува 54.000 луѓе во Европа, најмногу во Германија, во Шпанија и во Велика Британија.

– Ќе има значајни последици во Европа, ќе ги разгледуваме сите опции – најави Стивен Армстронг од Форд Европа.

Пред еден месец Форд затвори фабрика во Франција предизвикувајќи тензии со француските власти. Над осумстотини лица ризикуваат да останат без работа во оваа фабрика. Француската Влада се обиде да изнајде решение преку откупувач, но Форд го одби планот. Францускиот министер тогаш ја обвини компанијата за измама и го нарече потегот „кукавички“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...