Американскиот произведувач на автомобили „Форд“ планира да затвори 7.000 работни места или 10 отсто од својата глобална работна сила, како дел од планираната реорганизација, соопшти компанијата.
Реорганизацијата ќе вклучува отпуштање од работа, но и пренасочување на кадровските капацитети на други места во фирмата, а треба да заврши до крајот на август.
Форд ги укина повеќето модели на седан во САД, бидејќи се повеќе и повеќе потрошувачи купуваат пикап и спортски автомобили.