Фон дер Лајен: Потребно е време да се одврзе јазолот со новите еврокомесари

148
ФОТО: EPA / CLEMENS BILAN

Новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека е неопходно време за решавање на отворените прашања околу идните еврокомесари.

Таа ја даде изјавата неколку часа откако Европскиот парламент го отфрли и третиот кандидат за еврокомесар. Досега 23 кандидати се одобрени во транспарентен и демократски парламентарен процес.

Според неа, останува отворен процесот за определувањре нови кандидати од Франција, Унгарија и Романија.

– Ние треба да го забрзаме процесот, но на сите земји им треба време да ги одредат следните чекори, додаде Фон дер Лајен по вонредната средба со претседателот на ЕП и шефовите на парламентарните групи од мнозинството од Европска народна партија, социјалистите и „Обновете ја Европа“.

Комисијата на Фон дер Лајен требаше да биде изгласана од ЕП на 23 октомври, со цел да стапи на должност од 1 ноември. Ако овие рокови не се почитуваат, ЕК со која претседаваше Жан-Клод Јункер ќе остане да работи подолго, но по 31 октомври нема да може да донесува одлуки и предлага ново законодавство на ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...