„Гозба за учени уши и најзрело остварување до сега.“ Со овие зборови писателот Дејан Трајковски го промовира осмиот студиски албум на групата „Фолтин“, насловен „Момома“, на вчерашната прес-конференција во кафе бар „Цреша“
Неговата концертна промоција во Скопје ќе се одржи во мај, а турнејата ќе започне во Јуни, низ Европа.
На промоцијата на осмиот албум на бендот зборуваше Бранислав Николов, вокал на групата.
„Момома“ е збирка од шест постандардни песни, од она на кое што сме навикнати сите, и вие и ние, да слушаме од „Фолтин“. Значи направивме албум со песни и тоа за нас претставува своевиден експеримент. Како што правиме цело време експерименти, кога сме стандардни, за нас е експеримент. И очекувањата на сите страни се во недоглед. И позитивни и негативни, нормално, вели Николов.