Неколку стотици илјади купувачи на дизел автомобили произведени во „Фолксваген“ покренаа судски процес пред Вишиот покраински суд во Брауншвајг против автомобилскиот гигант. Тие сметаат дека се измамени поради тоа што купиле автомобил кој покажува погрешно ниво на издувни гасови, што е спротивно на германските закони.
Купувачите бараат да бидат обештетени, но компанијата тврди дека тие не претрпеле никаква штета.
Судот треба да процени дали и колкава штета им е направена на купувачите.
Граѓаните во овој судски процес ги претставуваат Федералната канцеларија за заштита на потрошувачите и од германскиот автомобилски клуб АДАК. Се проценува дека тие претставуваат околу 470.000 клиенти на „Фолксваген“.
„Фолксваген“ веќе исплати казни од неколку милијарди долари во САД.