„Флора VS Фауна“ – изложба на современ накит

94

Групна изложба на современ накит „Флора VS Фауна“ ќе биде поставена во Природонаучниот музеј од денеска до 30 септември, од 9 до 16 часот.

Накитот е креација на петмина дизајнери: Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од растителниот и животинскиот свет.

– Планетата секојдневно нѐ одушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна со растенија и животни кои се избориле да опстанат овде, со нас – велат авторите за мотивот за изложбата која ја организира „Карка Jewelry“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...