Фармацевтската компанија Фитофарм од денеска со дополнителни бенефиции за своите вработени по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство. Сите вработени кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш), следните 3 месеци ќе може да работат со скратено работно време.
– Со задоволство се приклучуваме на иницијативата за воведување на скратено работно време во траење од 3 месеци за вработените кои користеле отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство. Веруваме дека грижата и негувањето на односите со нашите вработени овозможуваат успешна тимска работа и резултати. Родителството како приоритет во животот на многу млади луѓе претставува среќен, но деликатен процес особено после враќањето на своите работни обврски. Ние ги поддржуваме и охрабруваме младите мајки да имаат што поорганизирано квалитетно време поминато со своите најмили – изјавија сопствениците на компанијата.
Оваа реформа е од голема важност за компанијата бидејќи од вкупно 68 вработени 75 се жени. Фитофарм е компанија која оваа годинa бележи јубилејни 30 години постоење и негување на меѓусебни односи со вработените.