Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 31.05.2018 и неплатени до 31.08.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата се вкупно 4.260 должници од кои 2.178 должници фирми и 2.082 граѓани.
Вкупно објавениот нето долг во листата изнесува 10.279.134.122 денари (167.149.392 евра).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.250.255.224 денари, додека долгот за царински давачки е 28.878.898 денари.
На листата води „Отекс“ со неплатен долг за ДДВ од 882.817.473 денари.
Меѓу должниците се и компании како „Хедис“ на Велија Рамковски која има долг од 141 милиони денари, „Трансмет“ со долг од 78 милиони денари, „Машинопромет“ со долг од 22 милиони денари.
И на оваа листа се најдоа јавни претпријатија. „Македонија пат“ со вкупен долг од 367 милиони денари, МРТВ со долг од 78 милиони денари, МЖ Инфараструктура со долг од 32 милиони денари, „Македонски шуми“ должи над 13 милиони денари како и Водостопанство на Македонија со долг од 8,8 милиони денари.