Фирмите до јули добија 206 милиони евра од поврат на ДДВ

Тоа е за 24 отсто повеќе од истиот период лани или оваа година за истиот период се инјектирани 2,5 милијарди денари повеќе во стопанството.

66

Министерството за финасии соопшти дека во првите седум месеци од годинава извршен е поврат на ДДВ на фирмите од 12,7 милијарди денари (206,4 милиони евра).

Тоа е за 24 отсто повеќе од истиот период лани или оваа година за истиот период.

Ова, наведуваат од Министерството за финасии, е значајна инјекција на ликвидни средства во стопанството, што овозможува непречено тековно работење на компаниите, но и ја поттикнува нивната инвестициска активност.

Порано повратот на ДДВ беше горлив проблем во стопанството. Фирмите чекаа со месеци од државата да ги добијат парите кои им следуваат со закон. Во меѓувреме мораа да подигаат кредити и да плаќаат камати за да можат да работат и за да исплатат плати на вработените. Ова секако влијаеше и на нивната одлука да инвестираат понатаму во бизнисот.

Сега повратот на ДДВ кон фирмите се прави навремено и неселективно. Ова е значаен импулс за поддршка на нивните редовни активности и инвестиции.

Тоа се огледа и преку вкупната наплата на ДДВ, која годинава е подобра за 7,4 отсто во однос на минатата година во првите седум месеци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...