Лани Управата за финансиска полиција поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на државата во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на буџетот на во износ од 293 милиони денари.
Ова на денешната средба со министерот за финансии Драган Тевдовски му го соопштил директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.
На средбата, како што соопшти Министерството за финансии се разговарало постигањата во 2018 година што е планирано да се реализира оваа година.
„Во 2019 година ќе се воспостави меѓународна соработка со органи и институции од земјите членки на Европската Унија. Воедно се планира и понатамошен развој на системот на податоци со Европол и Интерпол. Во рамки на овие активности ќе се потпише меморандум за соработка со Финансиските полиции на Италија, Грција и Холандија, а Управата ќе учествува и во преговарачкиот тим за склучување договор за соработка со Германија во областа на борбата против криминалот“, се наведува во соопштението.
Годината, додаваат оттаму ќе се работи и на создавање технички услови за функционирање на секторите за посебни истражни мерки. Исто така ќе се изработуваат и Оперативни инструкции со кои ќе се имплементираат меѓународните стандарди за борба против криминалот со примена на најдобрите европски полициски практики.