Над 935.000 луѓе ги посетија кината во Полска за три дена заради филмот кој ги прикажува католичките свештеници многу негативно.
„Свештенство“ е мрачна драма на режисерот Војциеч Смарзовски, и веќе предизвикува контроверзи во полската јавност. Приказната е за тројца свештеници кои пијат, финансиски ги искористуваат верниците и ја сквернават Црквата. Еден од ликовите дури и врши сексуален напад врз слепо момче.
– Ова е најдобро остварување за полските кина последниве 30 години. Филмот го гледаа сто илјади луѓе повеќе отколку „Педесет нијанси сиво“ по премиерата, изјави претставник на дистрибутерот Кино Свјат.
Неколку членови на полската владејачка партија Право и правда побараа филмот да се забрани.