Филмот „Хомо“ со поддршка и од Косово

94

По одобрената поддршка од Агенцијата за филм на Македонија за проектот „Хомо“, следи успех и на конкурсот на Косовскиот центар за кинематографија

Најновиот проект на Скопје Филм Студио за долгометражен игран филм со работен наслов „Хомо“, кој ќе го режира Игор Иванов, вчера ја доби одлуката за одобрена финансиска поддршка од страна на Косовскиот центар за кинематографија. Со тоа Косово, преку продукциската куќа Тригер официјално стана малцински копродуцент на проектот.

Пријавата на „Хомо“ беше меѓу позитивно оценетите на годинешниот Конкурс на Агенцијата за филм на Република Македонија, за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност аплицирани во првиот рок.

„Хомо“ е оригинално сценарио, сочинето од шест приказни кои се испреплетуваат. Во својата суштина се занимава со преиспитување на примарните човечки вредности и се обидува да нѐ соочи со степенот на дехуманизација, суровост, алчност и анималност во кои е западнато општеството кое сите ние заедно го градиме и развиваме.

Автори на сценариото се Игор Иванов и Сашо Кокаланов.

Проектот е во фаза на развој, а во периодов, Скопје Филм Студио е во преговори со продуценти од регионот, кои се особено заинтересирани да се вклучат во продукцијата на овој филм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...