Филмови од Буњуел, Саура и Берланга во Кинотека

136

Филмови од шпанските режисери Луис Гарсија Берланга, Карлос Саура и Луис Буњуел ќе бидат прикажани на „Скопје филм фестивал класик“ од 5 до 10 април во Кинотека.

Од Буњуел ќе бидат прикажани неговите антологиски остварувања „Симон столпникот“, „Тој мрачен предмет на желбата“, „Тристана“, „Ангел истребувач“,  „Виридијана“ и „Дискретниот шарм на буржоазијата“.

Од Берланга на програмата се насловите „Пласидо“, „Џелат“ и „Бикчето“, а од Саура ќе бидат прикажани „Фламенко, Фламенко“, „Танго“, „Гоја во Бордо“ и „Змија в пазуви“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...