Филмови кои Американците ги гледаат за божиќните празници

58

Секоја Нова година во американската популарна култура се вжештува дебатата за тоа кој филм се смета за главна семејна божиќна атракција на малите екрани.

Приматот досега го држеше холивудскиот акционен хит „Умри машки“ со Брус Вилис во главната улога, кој со години Американците го оценуваа како „божиќен филм“.

Но, според најновата анкета спроведена од „Морнинг Консулт“ и „Холивуд Рипортер“, филмот ја губи популарноста и не е повеќе главна телевизиска забава за Божиќ, кога најблиското семејство се собира околу трпезата и ја испраќа годината што изминува.

Според анкетата, 62 проценти од Американците немаат намера да го гледаат „Умри машки“ за време на божиќните и новогодишните празници.

Премиерата на првиот од петте продолженија на „Умри машки“ се случи во 1988 година и оттогаш е на листата на најпопуларни американски филмови чии дејствија се случуваат за време на Божиќ.

Според „Стриминг Обсервер“, жителите од четири сојузни држави – Мисури, Вирџинија, Вашингтон и Висконсин, го сметаат гледањето на овој филм за одличен почеток на Новата година.  Но, иако е со божиќна тема, некои Американци не се задоволни од тоа што филмот ги прикажува напорите на полицаецот Џон Меклејн да елиминира група на терористи кои држат заложници меѓу кои и неговата жена.

Според социолозите од „Паблик полиси пулинг“, во 2015 година 62 отсто од Американците сметале дека „Умри машки“ не е „божиќен филм“. Сличен резултат годинава објави и „Холивуд Рипортер“. Сепак, за Вилис има и една добра вест, а тоа е дека бројот на негови поклоници како резултат на филмот се зголемил од 13 на 25 отсто.

Од анкетите се дознава дека главно мажите сематаат дека филмот е „божиќен“ (35 отсто), како и оние кои биле на детска возраст во 90-те години од минатиот век (37 отсто).

Но, самиот главен актер смета дека „Умри машки“ не е „божиќен филм“.

– Тоа е „Брус Вилис филм“ да му се сневиди, изјави актерот за  „Холивуд Рипортер“.

Интересно е тоа што Американците за Божиќ избираат да гледаат фантастични хорор филмови и комедии. На пример, филмот „Гремлини“ најчесто би го гледале во седум сојузни држави, додека семејната комедија „Сам дома“ во шест.

Мнозинство од жителите на сојузните држави Њујорк и Аљаска покажале спремност во новогодишните и божиќните вечерни часови да ја гледаат драмската комедија „Апартман“ од 1960 година со Џек Лемон, Ширли Меклин и Фред Мекмуреј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...