Филмови за ’68: Половина Век од Полов(н)ата Револуција

70

Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Чешка во Македонија, Чешкиот центар во Софија и Македонската Радио и Телевизија Ве покануваат на: Филмови за ’68: Половина Век од Полов(н)ата Револуција

Што и зошто се случило пролетта и летото во 1968 година? Бурните протести на младите и младите, од САД, преку Париз и Берлин, до Прага и Белград, колку што ја носат идејата за револуционерна промена на светот како подобро место за живеење, толку и се тотално различни во локалната инспирација. Протестите во САД се против учеството во војната во Виетнам, во Париз се бара културна рееволуција по примерот на Кина предводена од Мао Цедунг, младите во Германија за првпат ги прашуваат родителите колку и како учествувале во нацистичката димензија на земјата, Чехословаците поведуваат национален бунт против догматскиот комунизам предводен од СССР, студентите во Белград се незадоволни од растот на црвената буржоазија и бараат поправеден комунизам… И, да, во поголемиот дел од овие бунтови забележлива е револуцијата за сексуалните слободи и половата рамноправност.
Како може да се суди за ’68 половина век подоцна? Сведоци сме на воени интервенции низ светот како никогаш порано, сексот одамна стана индустриска гранка, економските поделби во општествата на разни меридијани се никогаш поголеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...