Филмовите на Манчевски ќе се прикажуваат од 8. до 14. март

241

Од 8 до 14 март во „Котур-кафе“ ќе бидат прикажани петте долгометражни и двата кратки филма на Милчо Манчевски, заедно со изложба на постери од неговите филмови, работни скици, интервјуа, критики и писма.

Неделата посветена на нашиот познат режисер е насловена „Филмска азбука – Милчо Манчевски“ и ќе почне задутре од 20 часот со проекција на петтиот негов филм „Бикини Мун“.

В недела, 10 март, од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Мајки“, а в понеделник во истиот термин „Сенки“.

На 13 март од 20 часот е проекцијата на краткиот филм „Крајот на времето“, по кој ќе биде прикажан играниот филм „Прашина“. На 14 март на програмата се краткиот „Четврток“ и филмот „Пред дождот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...