На спорната снимка се гледа како Штрахе на роднина на руски милијардер и ветува државни работи, а за возврат бара финансиска помош за неговата партија.
Медиумите шпекулираа дека бракот на Филипа и Хајнц Кристијан Штрахе е во криза поради снимката од Ибица и пишуваа дека таа го напуштила семејниот дом и се преселила кај своето семејството.
Филипа, во изјавата за весникот „Хојте“, изјави дека сите тие гласини се неточни.
– Последната недела беше како возење на тобоган. Прво сте само патник и полека повторно се кревате на нозе. Сега е долг патот до вистината – вели таа.
Таа негира дека со синот се преселила кај мајка си.
– Се уште живеам со синот и со сопругот – изјави таа.