Филип Фидановски денес е избран за нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, на Собранието на ДЛУМ, на кое беа избрани и новите управни тела.
Фидановски е роден 1977 година. Дипломирал во 2002 година на оделот за керамика и магистрирал во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија. Во периодот од 2003 -2008 година работел како доцент на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2008 година е професор во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн
„Лазар Личеноски“ во Скопје. Член е на ДЛУМ од 2016 година, а член на Управен
одбор од 2009-2015 година. Изложувал на многу изложби, а добитник е и на многу награди.
За потпретседател е избрана Марјана Костојчиновска Узунчева. Покрај нив, дел од Управниот одбор се и Златко Бојковски, Христијан Санев и Шкипе Мехмети.
За претседател на Уметничкиот совет избрана е Дијана Томиќ Радеска, а членови се: Симонида Филиповска Китановска, Жани Гелевска, Марија Светиева, Маја Кировска, Новица Трајковски и Стефан Димовски.
Со ова се заокружува новата постава за четиригодишниот мандат на раководни тела на ДЛУМ, кои ќе ги застапуваат интересите на уметниците, членови на овој ликовен еснаф.