Фејсбук укина налози на „Спутник“ поради лажни вести

100

Компанијата Фејсбук денеска соопшти дека во рамки на најновите напори во борбата против лажни вести укинала стотина налози, страници и групи.

Во соопштението се наведува дека укинатите налози биле поврзани со Русија, како и дека биле дел од големи опеарации за ширење дезинформации.
Шефот на одделението за кибер-безбедност во компанијата, Натанијел Глејчер рече дека 364 налози биле поврзани со соработници на руската новинска куќа „Спутник“.
Компанијата наведува дека го презеле тој чекот откако откриле две мрежи „кои биле вклучени во координирано неавтентично однесување“ на налозите на Фејсбук и Инстаграм.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...