Фејсбук снимал разговори преку Messenger

85
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Социјалната мрежа Фејсбук снима разговори на своите корисници, пренесува АФП.

Од компанијата ги давале снимките на другите компании снимките, за да го транскрибираат кажаното.

Фејсбук потврди дека снимале корисници, но додава дека тоа е направено со нивна согласност и практиката е веќе прекината.

Според компанијата, снимките биле тестови за вештачка интелигенција, за да се утврди нејзината способност да се преведе она што е кажано на друг јазик.

Единствените корисници кои биле погодени биле оние кои ја користеле апликацијата Messenger и не забранувале транскрипција на разговори во неа.

Фејсбук неодамна беше казнет со 5 милијарди долари за злоупотреба и складирање на податоци за милиони корисници.

Фејсбук, Амазон и Епл признаваат дека ги снимаат корисниците, давајќи различни објаснувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...