„Фејсбук“ казнет во Унгарија со четири милиони долари, доведувал во заблуда корисници

169
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Унгарската агенција за заштита на конкуренција нареди  Фејсбук да плати казна од 1,2 милијарди форинти, или нешто помалку од четири милиони долари, поради доведување во заблуда на корисници. Тоа е најголема ваква казна во историјата на државата.

Суштината на тој случај е тврдењето на унгарската агенција дека Фејсбук ги рекламирал своите услуги како бесплатни, но дека компанијата заработувала пари од активности и податоци на корисниците, што може да се толкува како форма на плаќање, јавуваат унгарските медиуми.

Казната за „Фејсбук“ следува по неколку недели спекулации дека Унгарија ќе ја казни  оваа социјална мрежа. Унгарската агенција наведува и дека пораката на ФБ пред која се рекламирале бесплатни услуги, била поставена во почетокот на 2010 година, и дека е избришана во крајот на октомври оваа година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...