Фејсбук и Гугл нѐ мамат

416

Фејсбук и Гугл се две од највлијателните компании во светот и имаат пристап до огромно количество на информации за корисниците.

Технолошките гиганти сега повторно испровоцираа внимание кон себе, бидејќи беа обвинети дека ги манипулирале европските граѓани.

Независен извештај од 44 страници на Норвешкиот совет на корисниците (НЦЦ) тврди дека Фејсбук и Гугл користат тајни практики да ги измамат корисниците да споделуваат повеќе податоци за себе на Интернет. Ова се случува без оглед на оперативниот систем.

Водечкиот начин на кој Фејсбук и Гугл не тераат да преземаме „непотребни активности“ за споделување на податоци е со различни прозорци и интерфејси кои не тераат да ги избереме фаворизираните од нив поставувања во профилите.

На овој начин корисниците се „принудени“ да кликнат, регистрираат, купат или преземаат дејства, што инаку не би ги направиле, информира „Машабл“. Покрај тоа, двете компании преземаат различни методи за да „сокријат“ во менито одредени поставки за безбедност.

Извештајот на НЦЦ заклучува дека двете компании создаваат „илузорна идеја“ дека имаме целосна контрола врз она што се случува со нашите профили на Интернет. Овие практики не само што не прават ранливи и не ставаат на ризик во социјалните мрежи, туку и го нарушуваат тековното европско законодавство.

НЦЦ ангажирала неколку адвокати и консултанти за да ја испитаат ситуацијата и на крајот да изнесат вистински наводи пред Европскиот суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...