Фејсбук во преговори за реално шоу со Кристијано Роналдо

99

Фејсбук е во преговори за реално шоу со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, наведува Variety.

Според повеќе извори, технолошкиот гигант преговара да креира документарна серија со Роналдо што ќе се емитува на Фејсбук Watch, видео платформа на социјалната мрежа, за ТВ содржина.

Роналдо е најпопуларниот спортист на Фејсбук- тој има повеќе од 120 милиони следбеници на неговата официјална страница и е еден од најпризнаените спортски ѕвезди во светот.

Во меѓувреме Роналдо веќе соработува со Фејсбук. Компанијата нарача драма серија за Фејсбук Watch со сценарио од новото студио на Роналдо и Пол Ли, wiip.

Фејсбук минатата година финансираше неколку оригинални серии за Watch, а проектот со Роналдо се очекува да чини 10 милиони долари.

Реалното шоу на Роналдо според изворите може да биде базирано на документарната серија на Том Брејди, Том против Времето, која го следи 40 годишниот играч на Њу Ингланд Патриотс и на полето и во приватниот живот за време на неговата 18-та сезона во НФЛ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...