Фестивал на узото на островот Лезбос

269

„Узо фест” – фестивалот посветен на производот карактеристичен за грчкиот остров Лезбос, како и за цела Грција – узото, започнува утре во гратчето Пломари.

Фестивалот се одржува секоја година, почнувајќи од 2013. и е организиран од Асоцијацијата на производителите на узо на островот. На 6 и 7 јули манифестацијата ќе се случува во Пломари, а на 8 и 9 јули таа се сели во централниот град на Лезбос, Митилини.

Посетителите ќе имаат можност да дегустираат повеќе од 40 видови узо. Во рамките на фестивалот, се предвидени и музички и гурмански специјалитети, преку коишто туристите ќе ја искусат тамошната култура, заедно со традиционалното узо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...