Физичкиот обем на производство во металургирјата од почетокот на минатата година бележи намалување, иако на глобално се забележува позитивен тренд.
Вакавата состојба велат од Стопанската комора на Македонија е резултат на неработењето на двата најзначајни обејкти во оваа индустрија „Фени“ и „Југохром“.
-Во периодот јануари-март 2018 производството на метали е намалено за 18,4 проценти во однос на истиот период лани. Податокот е уште поалармантен ако се има предвид дека минатата година намалувањето на производството беше над 15 отсто – вели Зорица Мешкова од Комората.
Намалениот обем на производство, според неа, се рефлектира и врз извозот кој кај металите е на истото ниво како лани и во првите три месеци од годинава изнесува 187 милиони американски долари.