„Фени“ излезе од стечај, доби и нов газда

Од компанијата велат новиот сопственик на„ Фени“, ГСОЛ е глобална компанија која со вложените приближно 90 милиони евра во „Фени“ во изминатава година, е еден од најголемите инвеститори во државата.

743

Од компанијата „ГСОЛ/Еуроникел“ информираа дека Апелацискиот суд во Скопје го потврдил решението на Основниот суд во Велес со кое се одобрува Планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци.

„Одобрувањето на планот за реорганизација на Фени Индустри, создаден и поднесен од ГСОЛ/Еуроникел е правосилно и претставува извршна исправа согласно одредбите од Законот за стечај. Ова значи дека „Фени“ конечно излегува од стечај и дека сега има нов сопственик, ГСОЛ/ Еуроникел, а после сите превирања оваа одлука најголемо значење има за вработените, фирмите кои соработуваат со „Фени“ и целиот кавадаречки регион“, се наведува во соопштението од компанијата.

Оттаму оценуваат дека во изминатата година ипол, „Фени индустри“ поминала низ стечај, а начинот на кој била водена стечајната постапка и брзината со која биле обесштетени доверителите се доказ дека законот за стечај и неговото спроведување дава позитивни резултати.

„И покрај многуте обиди да се стави сомнеж на исправноста на процесот за решавање на судбината на Комбинатот, последната и конечна одлука на Судот докажува дека не се констатирани никакви неправилности, а стечајната постапка на „Фени“ беше регуларно и транспарентно спроведена, за да резултира со потврден план за реорганизација и сигурна иднина за „Фени“ и сите засегнати страни од неговото работење“, наведуваат од ГСОЛ/Еуроникел.

Од компанијата велат новиот сопственик на„ Фени“, ГСОЛ е глобална компанија која со вложените приближно 90 милиони евра во „Фени“ во изминатава година, е еден од најголемите инвеститори во државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...