На 30 октомври 2017 година, на барање на трите најголеми кредитори, Комерцијална, Стопанска и Силк роуд банка, за ФЕНИ беше отворена стечајна постапка. На тој чекор претходеа бројни притисоци Фени да не објави стечај.
Притисоците беа генерирани од претходниот газда Кунико кој го протажираше Енекод за свој наследник а пренесени и реализирани преку синдикалниот лидер, Палитов. Неговите манипулации со вработените и транспортерите предизвикаа бројни протести и блокади, како и пролонгирање на самото започнување на стечајната постапка.
Одлагање и презакажување на рочиштето, изземање на судот заради неосновани причини, жалби од Кунико ресурсис го пролонгираа процесот на започнување на стечајната постапка, а со тоа и неизвесноста за ФЕНИ и вработените.
На сите негодувања за потребата од стечај или не, одговори претставник на банките кредитори, Хари Костов, велејќи „Стечајот значи дека Фени ќе добие време за реструктуирање, за репрограмирање на долговите и период во кој трите банки кредитори на индустрискиот комбинат интензивно ќе бараат инвеститор што ќе биде сериозен во намерите фабриката да работи“.
Дотогаш се воделе преговори и со бугарската компанија Енекод, но затоа што компанијата понудила нереално мали суми за отплата на долгот и речиси никаква гаранција за вкупниот долг, нивната понуда од банките била отфрлена. Но, и покрај јавното и основано дискредитирање на нивната понуда, Енекод, преку Палитов континуирано го попречуваат процесот за враќање на ФЕНИ. За тоа се појави и доказ, аудио снимка од состанок на Палитов со транспортерите, на која ги убедува дека најдобро решение за фабриката и покрај отворената стечајна постапка во велешкиот суд, е бугарската компанија. На снимката Палитов ги информира транспортерите дека банките се во заговор да го дадат комбинатот под наем за да избегнат плаќање на долговите. Тој ги повикува транспортерите да се здружат и сите заедно да направат да не проработи Фени. Тие заедно се договараат транспортерите да спремат допис каде што ќе ја искажат ваквата нивна намера.
Оваа снимка полна со навреди и обвинувања против владините претставници, банките, менаџментот што ја водеше фабриката до 2015 година, де факто го исфрла тоа што заткулисно се заговараше цело време и што многупати беше навестувано од вработените дека дури и пред стечајот, дека Палитов е продолжена рака на менаџментот што ја доведе фабриката во стечај, но и дека зад Енекод стои токму Групацијата Кунико.
Од другата страна спроти Енекод, односно на страната на ФЕНИ се сите поддржувачи на стечајот и што побрзо враќање на ФЕНИ на добар пат. Претставници на банките, највисоките владини претставници и стечајниот управник истапуваат со изјави дека ќе се примени форма на стечај со реструктурирање, која има цел фабриката да се стави во работа, сите доверители да бидат обесштетени, а сите вработени да останат на работа.
Во меѓувреме, банките кредитори беа во потрага по релевантен инвеститор, подготвен да ги исплати сите побарува за ФЕНИ, плати и долгови, да понуди план за рестартирање и да работи според процедурите и регулативите на стечајната постапка и понатаму на државата.
Во тој период беше побарано од потенцијалните инвеститори да достават свои понуди во вид на меморандум, информирајќи дека финалната одлука за тоа кој ќе биде идниот сосптвеник на Фени ќе се носи во рамките на стечајната постапка во согласност со законските одредби.
Додека во свое име преку своја комуникација Енекод се наметнуваше еднаш како газада на ФЕНИ а потоа како подобен инвеститор и ги обвинуваше сите дека се прави заговор против нивното влегување во ФЕНИ, преку другата кореспонденција покажуваше сосема друга страна. Конкретните активности покажуваа дека, бугарската компанија само декларативно се залага за иднината на ФЕНИ. Банките доверители преку соопштение информираа дека добиле мејл од Енекод во кој известуваат дека нема да бидат во можност да ги исплатуваат платите на вработените.
„Банките доверители ја информираат јавноста и вработените во Фени дека утрово добија мејл од Рајчо Катсаров од Енекод, со кој покрај писмено доставување на понудата за преземање на Фени, известуваат дека во врска со поставениот предуслов од страна на банките доверители, нема да бидат во можност да ги исплатат платите на вработените во Фени“, се вели во заедничкото соопштение.
Во меѓувреме Швајцарскиот инвестициски фонд, ФОС, го потпиша Меморандумот за разбирање со банките и депонираше 3 милиони евра за започнување на операциите во ФЕНИ. Со тоа ја покажаа сериозноста за преземање на ФЕНИ, демонстрирајќи подготвеност да се посвети на заживување на комбинатот и поседувајќи план за рестартирање.
За ФЕНИ почнуваат да се менуваат работите на подобро и се навестува позитивен излез од стечајот.
По започнувањето на стечајната постапка, со цел да се одржи производниот технолошкиот минимум, да се одржи комбинатот во кондиција преку оглас се бараат понуди за преработка на никелова руда. Огласот бил објавен во земјава и странство, врз основа на одлука на Одборот на доверители, како и фактот дека Фени располага со машини и работници за преработка, но и соодветни дозволи. Со огласот се повикуваат домашни и странски правни лица, кои треба да докажат дека исполнуваат одредени услови. ГСОЛ, преку Еуроникел претставништвото во Македонија, беше единствената компанија која се огласи на јавниот повик, исполнувајќи ги сите наведени барања во огласот. Со тоа повторно ја искажаа својата намера и интерес за Фени, и покрај несигурноста во резултатот од стечајниот процес.
Промените продолжуваат а стечајната постапка се одвива според законите и процедурите, а опструкциите се уште траат. Овој пат компанијата Нова логистик манипулира со транспортерите и ги подбуцнува да бараат исплата на долгови од компанија која не им должи, според вработени во Фени. Тие добивале закани од транспортерите дека ќе го блокираат влезот во фабриката, да не дозволат швајцарската компанија ГСОЛ, закупец на комбинатот, да почне со набавка на руда додека не им ги исплати долговите направени од претходниот сопственик Кунико рисорсис. Долгот изнесува околу 4 милиони евра кои Фени ги должи на фирмата Нова логистик која го организирала транспортот на рудата за комбинатот и ги ангажирала транспортерите. На крај договор беше постигнат и ЕуроНикел ги исплати вкупните побарувања на транспортерите, со тоа протестот беше прекинат и беше овозможено континуиран и непречен дотур на материјали во фабриката.
На 6ти март од погоните на ФЕНИ излезе првиот производ – преработена руда. Рестартирањето на производството и првиот производ следи после шестмесечна пауза и само еден месец откако комбинатот со договор е даден под наем на Еуроникел, локалното претставништво на швајцарската компанија ГСОЛ, додека трае стечајната постапка. Истовремено, ГСОЛ започна процедура за исплаќање на сите побарувања од ФЕНИ кон сите доверители кои се дел од стечајната маса. Се исплаќаа и обезбедени и необезбедени побарувања односно 100% од прифатените побарувања во стечајната постапка и со тоа се завршува неизвесноста за ФЕНИ.
ФЕНИ денес работи, работи веќе два месеца и произведува а веќе и извезува на странски пазари. Постојните вработени се задржани на нивните работни места и секојдневно се создаваат нови работни места, директно и индиректно. ЕуроНикел обезбеди континуирано снабдување со руда и суровини, со што се гарантира производството на подолг период. Одново ја гради својата позиција како клучен двигател на македонската економија, значително придонесувајќи за нејзиниот раст и развој. Се врати во игра и повторно е активен, на пат повторно да стане тоа што беше пред 2015 година.