ФБИ обелодени документи за наводно бегство на Хитлер во Аргентина во 1945 година.
Според објавениот материјал, наводно Хитлер со подморница стигнал до Јужна Америка, а потоа шест аргентински службени лица му нашле засолниште.
Досиејата исто така покажуваат дека службениците на ФБИ кои работеле на извештајот се сомневале во веродостојноста на тврдењата на изворите и нагласиле дека „нема доволно информации што ја поддржуваат ваквата приказна“.