ФБИ ги објави имињата на најбараните руски хакери

196

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) ги откри седуммината најбарани руски хакери откако шпиони на руската разузнавачка служба ГРУ, протерани од Холандија, ненамерно откриле имиња на уште 300 агенти од Кремљ.

Како што е соопштено на прес-конференција во Вашингтон, станува збор за хакери кои би можеле да бидат „вооружени и опасни“.

Оперативците на руската Влада се обвинети за хакирање на компјутерски мрежи на различни организации во обид да спречат скандал околу допинг на руски атлетичари.

Обвинети се Дмитриј Бадин, Артем Малиџаев, Алексеј Минин, Алексеј Моренетс, Евгениј Серебрјаков, Олег Сотников и Иван Јермаков.

Овие седуммина се сметаат за вооружени и опасни и можат да претставуваат „меѓународна закана“.

Се претпоставува дека мажите на таа листа се дел од наводната единица на Путин за кибер-напад.

Истражувачката новинска агенција „Белингкет“, која ги откри вистинските идентитети на напаѓачите кои го отруја Сергеј Скрипал, објави дека двајца од четворицата Руси кои во април беа протерани од Холандија, се регистрирани дека живеат во Воената академија на руската воено разузнавачка агенција ГРУ во Москва.

Автомобилот марка „лада“ на Алексеј Моренетес, еден од четворицата протерани, исто така, е регистриран на адреса на одделот за хакери при ГРУ, во близина на Воената академија, а истражувачите велат дека при истрага на останатите возила регистрирани на оваа адреса биле идентификувани 305 други членови на единицата 26165, која е обвинета за спроведување на хакерски напади ширум светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...