„Фатих“ – прво исламско радио во Црна Гора

91

Во Црна Гора официјално започна со емитување на радио-програма „Фатих”, првото исламско радио во земјата, иницирано од Исламската заедница во Црна Гора и медресата „Мехмет Фатих”.

Засега радиото може да се слуша само на подрачјето на Подгорица, а планирано е до половината од 2019 година, да се постават приемници во сите градови каде што живеат муслимани во Црна Гора, пренесува Анадолија.

– Мисијата на радиото е да го претстави исламот во светлината на средниот пат, она што исламот е во суштина, како една мирољубива религија, која го почитува човекот животот и светоста на човековиот живот и неговото достоинство – изјави директорот на радиото „Фатих”, Енис Бурџовиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...