Фатима Али, популарната готвачка која последните месеци од животот ги живееше во целост

Познатата готвачка која пред десетина дена почина од рак на коски, неколку месеци пред смртта напиша есеј во кој опишува како ги поминува последните месеци од својот живот: одам да јадам во многу ресторани во Њујорк, го планирам одморот, наоѓам експериментални третмани за лекување, готвам, пишувам и секој ден, во соработка со мојот брат запишувам по еден рецепт во тетратка, за која се надевам дека тој можеби еден ден ќе ја објави.

1076

Ѕвездата на емисијата Top Chef Фатима Али минатиот петок ја изгубила својата втора и многу тешка борба со канцерот. Имаше само 29 години.

Готвачката која беше многу отворена за својата болест на социјалните мрежи, беше омилена не само поради своето готвење, туку и поради својата личност и карактерот. Таа минатата година напишала и инспиративен есеј за својата болест и за своите соништа. Али сонувала еден ден да отвори сопствен ресторан во Њујорк.
„Сонувам за мојот иден ресторан, кадешто ќебапите ќе се топат во устата, а коктелите ќе бидат доволно слатки за да ја смират лутината“.

Прочитај повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Tommy Garcia/Bravo

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...