Симфонискиот концерт „Фантазија апасионата“ ќе се одржи во четврток во 20 часот.Под диригентската палка на инспиративниот диригент од Холандија, маестро Конрад ван Алфен, ќе бидат изведени дела од македонскиот композитор Владимир Николов, премиера на неговата „Jasmine Flowers and Red Chestnuts“, од белгискиот композитор Анри Виетан – Концерт за виолина и оркестар бр. 5, како и премиера на неговата „Фантазија апасионата“, од каде потекнува и насловот на концертот, и Симфонијата бр. 3 наречена „Шкотска“ од Феликс Менделсон.
Како солист, овој пат ќе се претстави австрискиот виолинист Бенџамин Шмид, кој се смета за еден од најпопуларните европски виолинисти за кого се снимени неколку документарни и концертни филмови, а кои го прикажуваат неговиот исклучителен статус како музички уметник.