Меркур бил именуван по гласникот на римските богови, бидејќи дури и луѓето во античките времиња можеле да видат колку е брз и нестабилен на небото. Сепак, научниците дури од неодамна почнаа да ги откриваат мистериите на најмалата планета во Сончевиот систем.
Пречникот на Меркур во моментов е 4830 километри, што е приближно со големина на САД.
Како и Земјата, Меркур е копнена планета со три главни слоеви кои ги сочинуваат јадрото, обвивката на јадрото и кората. Меѓутоа, за разлика од Земјата, кората на Меркур нема тектонски плочи. Исто така, неговото железно јадро е огромно за споредување, претставувајќи 85 проценти од неговиот радиус, додека внатрешното јадро на Земјата изнесува само 55 проценти. Поради извонредната големина, јадрото на Меркур има изненадувачко влијание врз големината на оваа планета – предизвикува намалување.
Железното јадро полека се лади и ја стега планетата веќе 4,5 милијарди години. На овој начин, јадрото ја вовлекува површината на Меркур кон внатрешноста, што предизвика планетата да се намали за повеќе од шест километри. За сега …
Оваа планета е, исто така, планетата што е најблиску до Сонцето, кружејќи околу оваа ѕвезда на просечно растојание од околу 58 милиони километри.
Таа близина влијае и врз атмосферата на Меркур, односно на нејзин недостиг. Имено, Меркур има само многу тенка егзосфера, која традиционално е најоддалечениот слој на атмосферата на планетата.
Оваа егзосфера е создадена од кислород, натриум, водород, хелиум и калиум – сите избришани од површината на планетата од страна на соларните ветрови.
Недостигот на атмосфера и непосредната близина на Сонцето ја прават Меркур екстремна планета. Температурата на површината може да се искачи до 427 степени во текот на денот, но, исто така, да падне на 179 степени под нулата во текот на ноќта.
Близината до Сонцето, исто така, стои зад старата репутација на брза и непостојана планета. Сончевиот гравитациски пулс е посилен на Меркур отколку на другите планети. А како и другите планети, Меркур патува по елипсовидната орбита околу Сонцето, забавувајќи кога е на поголема далечина и забрзувајќи кога се приближува.
Со својата просечна брзина од повеќе од 160.000 километри на час, Меркур се врти околу Сонцето за само 88 дена.
Од Земјата, тешко е да се набљудува Меркур, токму поради тоа што е нестабилен и блиску до Сонцето.
Засега го посетија две летала: Маринер 10 и Месинџер.
Овие мисии ни го овозможија она што го знаеме денес, но се работи на идните потфати со големи надежи за откривање на други тајни на Меркур.
(Користени податоци од Национална географија – Вашингтон)