Управата за јавни приходи најавува брзо законско решение за олеснета регистрација на пензионерите во е-даночната пријава.
– За кратко време, ќе излеземе со законското решение што ќе се однесува за олеснителната околност на пензионерите кои оставруваат само приходи од пензија – изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска по предавањето во употреба на нов систем за проценка на ризик.
За проблемите што се јавуваат со системот за регистрација рече дека ги менаџираат секојдневно, но оти на корисниците им стојат на располагање шалтерите во УЈП во Скопје, како и телефонските линии со цел да се надминат проблемите.
Во врска со најавеното воведување прогресивна даночна стапка, Лукареска рече дека Управата за јавни приходи како имплементар на оваа даночна реформа е подготвена.