УЈП: За e-персонален данок се регисрирани 620.000 граѓани

Од Управата за јавни приходи очекуваат до крајот на месецот да биде завршена постспката за регистрирање.

436

Во системот на Управата за јавни приходи за Е-персонален данок се регисрирани 620.000 граѓани и до крајот на годината, односно до 31 декември треба да се регистрираат уште мал процент.

Од Управата за јавни приходи очекуваат тој мал процент да се регистрира до 31 декември. Тие ќе можат да се регистрираат во регионалните дирекции на УЈП кои ќе работат и на 31 декември до 16.30 часот. Даночните канцеларии што УЈП ги отвори во општините Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода ќе бидат отворени до денеска до 18 часот, додека во Општина Чаир даночната канцеларија ќе работи и на 31 декември. Утре од 8 до 14 часот ќе работат регионалните дирекции Скопје, Струмица, Тетово, Битола, Прилеп и Штип.

За досегашниот тек на регистрација од Управата се задоволни и наведуват дека не се забележани посериозни проблеми.

– Во изминатиот период УЈП е максимално мобилизирана со цел на граѓаните да им ја олесниме постапката и да ги ослободиме од административните процедури. Во изминатиот период на услуга на граѓаните беа мобилните екипи што вршеа регистрација на вработени во државните и јавните институции, како и во големи и мали фирми, но и во домовите на тие даночните обврзници кои пријавуваа дека од одредени причини се спречени лично да се регистрираат – велат за МИА од УЈП и додаваат дека за успешан реализација на оваа реформа говори бројот на регистрирани физички лица.

Во електронскиот систем треба да се регистрираат сите физички лица кои имаа остварено приход како плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход, заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок. Обврска за регистрација во системот е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по било кој основ

Со предвидената реформа од 1 јануари 2019 година, Управата за јавни приходи ќе биде сервис на граѓаните и ќе изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година и истата ќе ја доставува до граѓаните за потврдување или коригирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...