Уште еден сомнителен пакет, на ред дојде демократски сенатор

56
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Единаесети по ред сомнителен пакет е пронајден на Флорида, а бил адресиран на демократскиот сенатор Кори Букер.

Њујоршката полиција истражува и одделни случаи на сомнителни пакети во една пошта во тој град.

ФБИ и денеска продолжи да ги истражува случаите на сомнителни пакети со рачно изработени бомби.

САД сомнителни пакети полиција.

Повеќе пакети со импровизирани бомби беа пресретнати во изминатите неколку дена во САД.

Пакетите, меѓу другите, беа наменети за поранешниот претседател Барак Обама, поранешната кандидатка за претседател Хилари Клинтон, како и за Си-Ен-Ен.

Ниту една бомба не експлодира и никој не е повреден.

ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...