Уште денеска и утре потврда или корекција на даночна пријава

339

Граѓаните уште денеска и утре ќе можат да ја потврдат или корегираат претпополнетата годишна даночна пријава. Веќе од понеделник, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни пријави.

Од Управата за јавни приходи вчера информираа дека потврдувањето и корегирањето може да се направи и за време на викендот бидејќи крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден.

„Управата за јавни приходи информира дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат/коригираат Претпополнетата Годишна даночна пријава во текот на викендот (на 01 и 02.06.2019 година). Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник) Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени“, појаснија од УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...